НАПОМЕНА: Ова е ретро вест од 2007 година
На претстојниот саем во Франкфурт италијанскиот производител Alfa Romeo ќе претстави уште една лимитирана серија од моделот 147. Веќе подолго време се најавува официјален крај на производството на овој хечбек, па крајот на животниот век на оваа 147ца Alfa Romeo ќе го одбележи со лимитираната серија C´N´C CoSTUME NATIONAL која ќе биде произведена само во 1000 примероци.
Оваа лимитирана серија е плод на соработката на Alfa Romeo со дизајнерот и стилист Ениа Капазе. Карактеристично за овој модел е т.н. Елдорадо бела боја, рафинираните детали како што се црните ретровизори со висок сјај, затамнетите задни светла како и 17 инчните тркала… Во внатрешноста доминираат спортските детали како и црната боја која со белата боја која се наоѓа на неколку внатрешни елементи дава прекрасен контраст.
Под хаубата оваа лимитирана серија ќе располага со 1.9 литарскиот JTDM агрегат со 150 КС, а во стандардната опрема меѓудругото се наоѓа и ABS, EBD, VDC и слично.
Цената засега не е позната, но ќе биде далеку повисока од онаа на основната верзија.