Suzuki е последниот во низата авто производители кои во целост или делумно ги повлекуваат дизелот изведбите од пазарот во Европа. Според последната информација која ја потврдија од страна на јапонскиот производител, Suzuki во целост ќе ги повлече дизелските изведби од понудата во Велика Британија.
Во моментов на овој пазар во дизелска изведба се нудат Vitara и SX4 S-Cross, но дизелските изведби на овие модели учествуваат со само 3% во вкупната продажба на Suzuki на овој пазар.
“Поради малата побарувачката на моделите со дизел мотори привремено е прекинато производството на моделите со дизелски агрегати наменети за Велика Британија. Ова се должи и на многу повисоката побарувачка на моделите со бензинските Boosterjet мотори кои имаат ниска потрошувачка на гориво” стоеше во соопштението на Suzuki.
Претходно годинава и Toyota објави дека ќе прекине со испораката на автомобили со дизелски мотори во Европа, Porsche објави дека ќе ги редуцира дизелските возила, а според неофицијални информации и Fiat Chrysler во наредниот период планира да ги отстрани дизелските изведби од својата понуда.