BMW во рамките на Digital Day 2018 ја објави новата, целоснодигитална инструментална табла која располага со најновиот BMW 7.0 оперативен систем.
По примерот на Volkswagen и Mercedes, и овој германски производител воведува во целост нова, дигитална инстурментална табла кој го зголемува задоволството во возењето и која на возачот му овозможува бројни опции во текот на патувањето. Брзинометарот, покажувачот за ниво на гориво, температура и мапата за навигација се само дел од опциите кои може да се најдат на оваа табла. Она со што се горди од германскиот производител е во целост имплементираната 5G технологија.
Новата инструментална табла треба да биде вградена во наредните нови модели на BMW, а многу наликува на онаа претставена во Concept X7.