Се појавија првите официјални видеа и фотографии од спортската изведба на Suzkuki Swift. Екстериерно без многу измени, но со помоќен агрегат под хаубата. Спортската изведба на Swift ќе располага со 1.4 литарски Boostjer мотор со 138 КС. Благодарение на овој мотор кој се покажа и како доста економичен како и тежината од 970 kg, Suzuki Swift Sport има одлични тркачки перформанси.
Swift Sport на пазарот влегува како конкурент на Ford Fiesta ST Line, Seat Ibiza FR, Peugeot 208 GTi како и Renault Clio Sport. Swift има голема предност во однос на овие конкурент особено кога е во прашање цената. Така во Велика Британија Swift Sport чини 17.999 фунти додека цената на француските конкуренти се движи од 21.000 до 23.000 фунти.