На саемот во Женева кој се одржа во март годинава вистинска атракција беше новиот Auris. Третата генерација на овој јапонски модел покрај одличниот, поагресивен и попривлечен екстериер доаѓа и со одличен ентериер проследен со поголемата внатрешност, а воедно и висока безбедност која и никогаш не била спорна кога се во прашање јапонcките возила. По официјалното деби на саемот во Женева, јапонскиот производител Toyota обелодени дека третата генерација на Auris ќе добие и спортска изведба која ќе биде со ознака GR.
Спортската изведба со ознака GR се очекува да се појави кон крајот на следната година, a со оваа изведба Auris ќе се придружи кон веќе постоечката GRMN спортската изведба на Auris, а следната година ќе се појави и Supra чиј концепт исто така беше претставен на изминатиот саем во Женева.
Засега нема информација со каква опрема се ќе располага Auris, но само за споредба Yaris GRMN под хаубата има 4 цилиндарски 1.8 л мотор со 209 КС, а до 100ка забрзува за 6.3 секунди.
Со оваа спортска изведба, Auris GR во својот пазарен подсегмент ќе се натпреварува со VW Golf GTI, Hyundai i30N и Ford Focus ST кој треба да се појави на почетокот на следната година.