Министерството за Внатрешни работи (МВР) изминатата ноќ во периодот од 23 часот до 5 часот утрово спроведе бројни контроли на пдорачјето на СВР Скопје чија цел беше откривање и истовремено санкциоонирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол. Според соопштението на МВР, од вкупно контролираните 1234 возачи, 726 возачи биле алкотестирани, а од нив, дури 248 управувале возило под дејство на алкохол.
Исто така во рамките на контролата, од полициските службеници биле констатирани уште дополнителни 252 прекршоци.