Иако новата сезона е на самиот почеток веќе се најавуваат новитетите за следната сезона од F1 шампионатот. Така, организаторот на Формула 1 донесе одлука со која се зголемува дозволената количина на гориво со што од сегашните 105 литри се зголемува на 110 литри.
Како причина за ваквата одлука е можноста возачите во секој момент да искористуваат најмногу од своите мотори, а без повеќе калкулации кога е во прашање потрошувачката.
Покрај нивото на гориво се шпекулира дека од следната сезона ќе има измена во календарот на трки. Експанзијата на календарот ќе ги опфати и новите трки во Виетнам, Данска, Аргентина, Холандија како и дополнителна трка во САД, а засега под знак прашање се трките во Белгија, Германија и Јапонија.