Според последниот извештај објавен од ACEA (European Automobile Manufactures Association) бројот на регистрирани автомобили во март годинава бележи пад од 5.2% во однос на март минатата година, но и во однос на февруари годинава. Ова е прв пат во март да има пад на продажбата по континуираното зголемување од 2014 година. Најголем пад е забележано кај најголемите пазари во ЕУ, Велика Британија, Германија и Италија.
Така во Велика Британија во минатиот месец биле продадени само 474.069 автомобили што претставува пад од 15.7% во однос на истиот месе минатата година и пад од 12.4% за периодот јануари-март споредбено за истиот период минатата година.
Во Германија е забележан пад од 3.4% во март годинава споредбено со март минатата година, но и покрај тоа за првиот квартл годинава има продадено 878.611 автомобили што е пораст за 4% во однос на првиот квартал минатата година. Голем пад има и во Италија и тоа од 5.8% и Белгија од 4.3% додека значителен пораст има во Бугарија (+10.2%), Хрватска (+17%), Кипар (+35.2%), Холандија (+15.3%) и Словенија (+20.1%).
VW Групацијата со најмногу продадени автомобили
И за месец март најмногу автомобили има продадено VW Групацијата и тоа 405.103 што е благ пораст од 0.3% во однос на истиот месец минатата година. Најпродаван бренд на оваа групација и натаму останува Volkswagen, а најголем процентуален пораст на продажбата има остварено Seat и тоа од 9.7%. На втората позиција според бројот на продадени автомобили се наоѓа PSA Групацијата која забележа пораст од неверојатни 59.7%. Така во март минатата година оваа групација имаше продадено само 17.719 автомобили додека оваа година, благодарение на аквизацијата на Opel забележана е продажба од 285.434 автомобили. На третата позиција се наоѓа Renault Group со пад на продажбата од 3.2% додека најдобрата петорка за март ја сочинуваат уште Ford и FCA.