PSA Групацијата која минатата година го презема Opel има намера да скрати 3.700 работни места во Opel во Германија. Како дел од процесот на преземање на германскиот производител, но и согласно стратегијата за намалување на трошоците, PSA има намера до крајот на 2020 година да стигне до бројката од скратени 3.700 работни места.
Засега веќе 2.000 работници одлучиле да ја прифатат понудата за надоместок од Opel и да ја напуштат компанијата со што останува да се скратат уште 1.700 работни места. Оваа информација ја потврди и Волфганг Клуг. “Околу 2.000 работниците веќе прифатија да си заминат, а ние имаме понуда за уште 2.000” изјави Клуг на прес конференцијата вчера.
PSA има за цел до 2020 година Opel да стане целосно профитабилен, а за таа цел неопходно е кратење на трошоците и целосна искористеност на производните капацитети во Германија. Оттука не следува само отпуштањето на вишокот на работници туку и затворање на дел од продажните објекти на Opel ширум Германија и околните земји како и алоцирање на сите SUV модели на PSA во фабриката Ајзенах.