Откако претходно годинава го најави својот план кој предвидува воведување на 25 нови целосно електрифицирани автомобили до 2025 година, на претстојниот саем во Пекинг, BMW ќе објави еден од нив. Станува збор за целосно електрифицираниот iX3 SUV.
Она што засега е познато е дека со овој модел BMW влегува во конкуренција на најавуваните Audi e-Tron и Jaguar I-Pace, а исто така се шпекулира дека овој модел ќе има домет од 700 километри со едно полнење.
Премиерата на овој модел ќе се случи на 25 март на отворањето на саемот во Пекинг, а токму тогаш се очекува да се појават повеќе официјални информации околу цената, техничките карактеристики и точниот датум на продажба.
Something exciting is coming. Stay tuned for the Auto China Beijing 2018!#BMWBeijing @BMWi #BMWi pic.twitter.com/JxNX4KFIDc
— BMW Group (@BMWGroup) April 20, 2018