Вчера официјалниот застапник на возилата и мотоциклите од брендот на Suzuki, Миркат, организираше Suzuki Test Drive Day. На овој настан кој се одржа во просториите на Mиркат посетителите имаа можност да тестираат автомобили од понудата на Suzuki во Македонија која ги вклучува Swift, Ignis, Baleno, Vitara и SX4 Cross.
“Ова е одличен настан бидејќи имаме можност да се запознаеме со Suzuki возилата. Тестирав Swift и според мене овој градски автомобил има одлични перформанси” изјави посетител на настанот.
Инаку ова е трет настан од ваков тип, а организаторот најави можност истиот да се одржи и во градовите каде Suzuki има застапништва.