На претстојниот саем во Пекинг Mercedes-Benz ќе го претстави најновиот Maybach, ултра луксузниот хибриден SUV. Невообичаен дизајн, кој ги има сите карактеристики на SUV автомобилите, но истовремено со изглед на “подигнат” седан, ова е најневообичаениот SUV кој за прв пат го воведува германскиот производител.
Целосно електрифициран, овој концепт располага со четири електрични мотори и една 80 kWh батерија која овозможува автономија до 500 километри. Во однос на опремата нема засега многу информации, но сигурно тој ќе ја има најнапредната мерцедесова опрема збогатена со фини обработки на ентериерот и посветено големо внимание на деталите во внатрешноста.
Засега нема официјални информации дали и кога овој концепт ќе се најде во сериско производство.