More
    HomeВестиКонечно пуштена автопатската делница Демир Капија - Смоквица (ВИДЕО)

    Конечно пуштена автопатската делница Демир Капија – Смоквица (ВИДЕО)

    Објавено на

    Денеска, по шест години изградба и официјално беше пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Со свечената церемонија на која учествуваа претставници на Владата на РМ, на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, претставници на локалните самоуправи, претставници на Владата на Република Грција како и претставници на компаниите изведувачи и подизведувачи на работите на оваа делница, се стави крај на шест годишната изградба на оваа делница и со новите 28 километри се заокружи автопатот “Пријателство”.

    Со шест мостови, два тунели, едно одморалиште и по неколку надвозници и подвозници, ова е најмодерната автопатска делница во нашата земја. Тунелите се опремени со најмодерната опрема за безбедност, а низ целата автопатска делиница има поставено соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.

    Оваа делница од Коридорот 10 требаше да биде пуштена минатата година кога и беше во целост завршена. Сепак поради далноводот на МЕПСО и неговата дислокација како и изградбата на контролниот центар пуштањето се одложи за оваа година.

    За потсетување, изградбата на 28 километарска делница започна во септември 2012, а најголем дел од средствата потребни за изградбата се обезбедени со грант од Европската комисија како и заеми од Европската инвестициона банка и од Европската банка за обнова и развој.

     

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...