Иако сите погледи се насочени кон претстојниот саем во Пекинг поради што многу светски производители објавуваат тизер видеа од премиерите, кинеската компанија Byton претстави концепт наменет за европскиот пазар. Станува збор за концептот SIV односно Smart Intuitive Vehicle чија европска промоција се одржа во рамките на Milan Design Week.
Овој кросовер се очекува во сериско производство да влезе кон крајот на следната година, а според првичните информации располага со 272 КС и помоќна изведба со 476 КС и погон на сите четири тркала. Автономијата на овој електрифициран автомобил ќе се движи во рамките од 400 km до 500 km, а благодарение на супербрзиот полнач, батеријата се полни за само 10 минути со чиј капацитет може да се помине околу 120 km.