Porsche Cayenne се вклучува во редот на најбезбедни SUV возила. Тоа го потврдува последниот краш тест на кој овој автомобил се здоби со максимални пет ѕвезди.
Со скор од 95% во однос на возрасните, Cayenne има најголем скор кога е во прашање овој параметар во однос на останатите конкуренти од SUV сегментот. Во однос на безбедноста на децата овој автомобил освои 80% додека во поглед на безбедноста на пешаците остварен е скор од 73%. Во врска со безбедносната асистенција односно безбедноста на околината Porsche Cayenne се здоби со 72 процентен скор.
Со ова, Porsche Cayenne се приклучува на Jaguar F-Pace и Volvo XC60 како едни од најбезбедните SUV автомобили.