More
    HomeВестиНовитетиPSA Групацијата и Huawei го открија своето прво CVMP возило

    PSA Групацијата и Huawei го открија своето прво CVMP возило

    Објавено на

    DS 7 CROSSBACK е првото возило на групацијата  PSA кое користи платформа наречена “Поврзана модуларна платформа за возила” (CVMP) и е опремена со Huawei технологија за нови поврзани услуги. Ова возило е првиот видлив резултат на партнерството објавено во ноември 2017 година помеѓу Huawei и компанијата  PSA, покривајќи ги сите поврзани возила на Групацијата.

    DS 7 CROSSBACK ќе биде прикажан на штандот на Huawei  на настанот Hannover Messe 2018 во периодот од 23 до 27 април 2018 година. PSA ја изгради својата Поврзана модуларна платформа за возила (CVMP), користејќи ја платформата на Huawei која носи назив OceanConnect IoT.  DS 7 CROSSBACK, лансиран овој месец во Кина, е првото возило кое има корист од CVMP. Клиентите можат да пристапат до нови услуги како што се: поврзана навигација, препознавање на гласот и поврзан сервисен портал преку екранот на таблата на возилото. Статусот на одржување на возилото, историјата на патувања и стиловите на возење се исто така достапни од паметниот телефон на корисникот.

    На овие функции редовно ќе се додаваат нови услуги за приватни клиенти и менаџери. Тие вклучуваат услуги за далечински софтверски ажурирања и мапирање на навигација, личен асистент, функции за далечинско возило за дијагностицирање и одржување, како и услуги користени за компаниите за изнајмување на автомобили. Huawei’s OceanConnect IoT платформата го поткрепува решението за поврзување на Huawei.

    Ова решение помага да се развијат поврзани автомобили, паметни домови и паметни градови, овозможувајќи им на корисниците пристап до низа услуги дизајнирани за олеснување на секојдневниот живот. Сите дигитални интеракции се безбедни, податоците за купувачите и автомобилите се шифрирани, а нивниот интегритет, автентичност и доверливост се загарантирани. Платформата Huawei ќе се користи за сите поврзани возила на групацијата PSA во сите региони каде што се продаваат овие возила.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...