Италијанскиот производител Fiat и официјално објави дека го рестартира легендарниот спортски бренд Abarth, а како прв модел ќе биде Grande Punto што како концепт беше претставен во март годинава.
Abarth изведба на Grande Punto ќе биде опремена со 1.4 литарски турбо мотор со 155 КС и 206 Nm. Максималната брзина се очекува да изнесува 215 km/h додека пак забрзувањето до 100 km/h ќе изнесува до 7.7 секунди.
Во однос на опремата, оваа изведба ќе има истакнато спортски дизајн проследен со нови поспортски браници, со поголеми отвори за воздух, поголеми тркала како и заден спојлер.
Grande Punto Abarth официјално во продажба ќе се појави во септември годинава, а засега нема информации околу цената, но со оглед на тоа што како конкуренти на овој прв модел на Abarth во новиот милениум се Opel Corsa OPC, Peugeot 207 RC, Renault Clio RS197 и Mini Cooper S, се очекува и цената да биде конкурентна на цената на овие модели.