Веќе неколку месеци германскиот производител Audi ја тестира најновата генерација од Q8. Веќе се појавија неколку фотографии, но Audi на својата официјална Facebook страна за прв пат објави тизер фото од новата Q8.
Засега се знае дека Audi Q8 ќе биде најголемиот SUV на Audi кој ќе се базира на последно развиената Фолксвагенова платформа, MLB Evo на која се базираат и останатите големи SUV модели на германската групација.
Иако нема официјален датум за претставување на новиот SUV, сепак тоа се очекува да се случи ова лето на неконвенционален настан.