Автомобилските саеми во последните години губат на популарност. Откако Opel, Peugeot, Nissan, Honda и многу други авто производители објавија дека ќе отсуствуваат од некои од светски познатите саеми за автомобили, и BMW го редуцира настапот на овој вид на изложба.
Според германското издание на Handelsblatt, BMW ќе има редуциран настап на саемот во Франкфурт. Тоа го потврдува и усвоениот буџет според кој од претходните 25 милиони евра предвидени за овој саем, германскиот производител го намали буџетот на само 5 до 6 милиони евра. Со тоа, BMW на франкфуртското експо од вообичаените 11 илјади метри квадратни ќе располага со само 3 илјади метри квадратни.
Претходно, BMW објави соопштение дека нема да настапи на саемот во Detroit следната година, а се шпекулира дека ќе ги намали и средствата за саемот во Женева. Со ова BMW се насочува кон алтернативните начини на презентација и запознавање на јавноста со своите модели.