Јапонскиот производител Honda на претстојниот саем во Пекинг премиерно ќе го претстави својот EV бренд наречен Everus. Под капата на овој бренд, Honda планира да ги лансира електрифицираните автомобили, а првиот концепт ќе биде претставен токму на овој саем. Станува збор за модифицирана, футуристичка изведба на Honda HR-V која е во целост електрифицирана.
Иако засега нема официјални информации, сепак, сериското производство на овој концепт се очекува да започне кон крајот на годинава, а истото ќе се спроведе во погоните GAC Honda во Кина од каде во иднина ќе се произведуваат сите модели на овој нов хондин бренд.
Инаку на саемот во Пекинг, Honda ќе ја претстави новата хибридна изведба на Accord како и концептот Inspire.