Една од најпознатите дизајнерски куќи во светот која се прослави со безвременските дизајни за Ферари, Pininfarina, на претстојниот саем во Пекинг претстави две концепт возила.
Првиот од двата концепти го носи називот H500. Со спортски, ултра модерен екстериер и со неверојатен ентериер, Pininfarina преку овој концепт се обидува да ја долови иднината на автомобилизмот која претставува минималистичка надворешност и внатрешност во која доминира високата технологија.
Електричниот погонски систем на овој концепт располага со 408 КС благодарение на што до стотка забрзува за 4.5 секунди.
Вториот концепт го носи називот K350 и ќе биде во целост електрифициран SUV кој со едно полнење може да помине и до неверојатни 1000 километри. Овој SUV е трет во низата на Pininfarina и како претходниот концепт, претставува целосно електрифициран автомобил. Всушност доколку се погледне подобро дизајнот, K350 е всушност SUV изведба на H500. Oттука техничките карактеристики се идентични како и H500.
Инаку оваа дизајнерска куќа е во мнозинска сопственост на Махиндра групацијата, а овие два концепта се развиен во соработка со Hybrid Kinetic Group од Хонг Конг.