Германскиот производител Audi го прави најголемото повлекување на автомобили во својата историја. Светските медиуми пишуваат дека Audi започнува со повлекување на дури 1.2 милион автомобили.
Ова повлекување ќе ги авектира А4 моделите произведени помеѓу 2013 и 2016 година, моделот А5 произведен помеѓу 2013 и 2017 година, А6 моделотпроизведен во периодот од 2012 до 2015 како и Q5 произведен од 2013 до 2017 година.
Причина за ова повлекување е електричната пумпа која кај некои дволитарски FSI бензински агрегати постои можност да не е исправна поради што може да направи краток спој и да доведе до пожар.
Повлекувањето на овие автомобили ќе започне на 11 јуни, а доколку сметате дека вие поседувате едно од овие возила обратете се до официјалниот дилер.