По специјалната премиера на новиот Touareg како и претходно најавените SUV модели чија целна група е пазарот во Кина, Skoda, објави дека од 2020 година во Кина ќе лансира нов, мал, нискобуџетен SUV кој ќе го носи називот Kamiq.
По бројните тизери кои беа објавени изминатиов месец, Skoda вчера на саемот во Пекинг и официјално го претстави новиот модел. Позициониран под Karoq, со меѓуоскино растојание од 2.610 мм Kamiq се очекува да направи вистински бум на најбрзорастечкиот пазар во светот. Од она што може да се види, Kamiq во внатрешноста ќе има 8″ екран со Baidu CarLife, Apple CarPlay и MirrorLink со многубројни опции кои го прават патувањето олеснето и забавно. Она што друго е ново е новиот 1.5 литарски бензински мотор со 109 КС и 150 Nm обртни моменти, а опремен е исклучиво со автоматски менувач.
Иако нема многу технички информации, она што се знае е дека Kamiq нема да се базира на актуелната MQB платформа, а со цена помала од онаа на Kodiqa, Kamiq ќе биде нов конкурент на Hyundai ix25, Citroen C3-XR и Nissan Kicks кои бележат солидни продажни резултати.
Крајна цел на Volkswagen е преку Skoda да ја канализира целта од дуплирање на продажбата на Skoda на некои 600 илјади возила годишно со што значително ќе го зголеми продажното учество на најбрзорастечкиот пазар кога се во прашање автомобилите.