Новата делница Демир Капија – Смоквица не е толку лесно за наоѓање, а со тоа и користење. Откако понеделникот беше официјално пуштена во употреба новата делница од автопатот Демир Капија – Смоквица, бројни возачи замерија дека е тешко да се пронајде патот за новата делница и дека не постои соодветна вертикална сообраќајна сигнализација.
За таа цел со известување излезе АМСМ од каде појаснуваат како да се стигне до Гевгелија по новиот автопат. “За користиње на истиот (во правец Скопје – Гевгелија) на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија” стоеше во соопштението на АМСМ.