More
    HomeВестиAudi Q7 потопено во Калиманци

    Audi Q7 потопено во Калиманци

    Објавено на

    Пронајден е потопен Audi Q7 во вештачката акумулација Калиманци. Како што соопштуваат од МВР, од нуркачки тим на единицата за специјални задачи при МВР било извршено пребарување на браната Калиманци при што на длабочина од 18 метри било пронајдено возило кое вчера беше извлечено од езерото.

    Истото ова возило неколку дена претходно било пријавено како исчезнато од страна на М.Н. кој во полициската станица во Виница во вторникот пријавил дека претходниот ден во периодот од 22 часот претходниот ден до 11 часот дента од страна на непознат сторител му било одземено патничкото возило Audi Q7 со швајцарски ознаки, а кое било паркирано на ул. „Ангел Винички“ во Виница. Истиот ден во 18.30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Б.М. (39) од Македонска Каменица пријавил дека во близина на Рибнички мост на место викано Буришјето, атар на с.Илиово, делчевско, на земјениот пат забележал траги од возило кои воделе кон браната „Калиманци“.

    Токму поради ова, полициски службеници излегле на лице место при што биле пронајдени две пластики кои припаѓале на патничкото возило Audi Q7 по што била повикана нуркачката единица.

    МВР работи на расчистување на овој случај.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ