Германскиот производител BMW на претстојниот саем во Пекинг ја претстави електрифицираната изведба на X3 која ќе ја носи назнаката iX3. Без многу естетски разлики во однос на основниот модел, iX3 во себе носи батерија која овозможува и до 400 километри со едно полнење.
Ова е само еден во низата електрифицирани автомобили на BMW кој најави дека до 2025 година ќе претстави 12 нови модели.