Nissan Leaf забележа рекордна продажба во март во конкуренција на целосно електричните автомобили. Leaf во месец март постигна продажба од 6.053 возила во Европа или за 1.805 повеќе во однос на Renault Zoe. На третата позиција се најде Tesla Model S со продадени 2.791 возила. Во најдобрата петорка во март се наоѓаат уште и BMW i3 со продадени 2.300 автомобили како и Tesla Model X со продадени 1.758 автомобили.
Гледајќи ја продажбата од почетокот на годината па се до 31 март, на лидерската позиција сеуште се наоѓа Renault Zoe со продадени 8.562 автомобили и тенка предност пред Nissan Leaf кој има продадено 8.171 автомобил. На третата позиција се наоѓа BMW i3 со продадени 5.703 автомобили додека на четвртата позиција се наоѓа VW e-Golf со продадени 5.159 автомобили. На петтата позиција се наоѓа Tesla Model S со продадени 3.824 возила.