Папата Францис одлучи да донесе “света” одлука. Откако минатата година италијанскиот производител Lamborghini му подари целосно нов Huracan со V10 мотор, првиот човек на католичката црква донесе одлука да го продаде овој автомобил, а средствата од неговата продажба да се наменат за добротворни цели.
Супер моќниот автомобил ќе биде продаден на јавната аукција на 12 мај 2018 година, а организатор на истата е аукциската куќа RM Sotheby. Почетната цена се очекува да се движи од 250 до 350 илјади евра, а 70% од средствата ќе бидат алоцирани во фонд за помош на ирачкиот град Ниневе кој беше целосно разрушен од ИСИС, 20% ќе одат во други добротворни групи и преостанатите 10% во фондот на Папата Џон XXIII.