Volkswagen објави дека чешкиот бренд Skoda ќе премести дел од производството во Германија. Оваа одлука на германската групација произлегува како последица на пополнетиот капацитет на Шкодините фабрики во Чешка и Словачка која пак произлегува поради зголемената побарувачка на автомобили на Skoda.
Само за првиот квартал годинава продажбата на Skoda се зголеми за 12% во однос на истиот период минатата година и достигна 316.176 продадени возила што е рекорден перформанс на чешкиот производител за кого минатата година беше најуспешната во историјата на производителот.
Сега, официјалните информации говорат дека во Оснабрик Skoda ќе произведува дел од својата SUV понуда, а ќе се започне со последниот модел, Skoda Karoq. Сепак производството на Karoq ќе продолжи и во Млада Болеслав, но со помал капацитет, a акцент ќе се стави на прозиводството на Fabia, Octavia и Rapid.
Инаку во фабриката во Оснабрик во моментов се произведуваат VW Tiguan, Porsche Cayenne и Porsche Cayman, а Karoq ќе биде четвртиот SUV од Volkswagen групацијата кој ќе се произведува во оваа фабрика.