Француската и италијанската групација PSA и Fiat и официјално ја претставија новата генерација на комерцијални возила кои се плод на заедничката соработка на ова поле. Како што пренесоа светските медиуми, во фабриката на PSA во Франција, SEVEL, претставници на двете групации премиерно го претставија лесното комерцијално возило кое италијанците ќе го продаваат под називот Scudo додека Citroen ќе го продава под називот Jumpy, а Peugeot под називот Expert.
Носивоста ќе се движи од 1000 до 1200 kg во зависност од верзијата, а волуменот ќе се движи од 5 до 7 кубни метри. Во понуда ќе бидат со фијатовите Multijet дизелски мотори, а покрај ова комерцијално возило се очекува од оваа фабрика да излезат уште три дополнителни модели.
Почетокот на продажбата е закажана за почетокот на следната година.
НАПОМЕНА: Ова е ретро вест од 2006 година