Несекојдневен настан се случи во сојузната американска држава Индијана. Комбе на осигурителна компанија која пренесувало пари ги изненади (не)случајните возачи откако неочекувано се отвори задната врата и од компено отпаднаа 600 илјади американски долари. Овој настан предизвика внимание кај возачите кои поголем дел од нив застанаа и решија да се “почастат” со бесплатни пари.
Од осигурителната компанија изјавија дека ќе отворат истрага против возачот со цел да го испитаат и евентуално казнат виновникот, а полицијата во Индијана повика сите оние кои земаа пари да ги вратат истите бидејќи во спротивно им се заканува пријава поради кражба.
Поради овој настан овој дел од автопатот го доби прехарот “Автопат на парите”.