Она што изминатите денови се шпекулираше доби и официјална потврда. Жоан Зарко возачот на Yamaha, од следната сезона ќе вози за тимот на КТМ racing. 27 годишниот француски мотоциклист потпиша договор со важност до 2020 година, а тимски колега во овој период ќе му биде шпанецот Пол Еспаргаро кој во средата исто така го продолжи договорот со овој тим.
Инаку Зарко во КТМ доаѓа на местото на Бредли Смит кој изминатата сезона и не се покажа како најадекватен возач за австријскиот MotoGP тим.
Според еминентниот британски магазин “Autosport” интерес за Зарко имало и од Honda и Suzuki.