На денешната трка во рамките на TCR сезонава, Игор Стефановски Иџе имаше лошо возење. Имено Иџе возејќи го своето Hyundai i30 загуби контрола врз возилото и неконтролирао се удри во заштитниот ѕид поради што автомобилот беше видно оштетен. За среќа Стефановски заврши без повреди. Другиот наш претставник во ова натпреварување Виктор Давидовски се откажа при крајот на трката.
Инаку победата на денешната трка ја однесе Душан Борковиќ исто како и на првата. Борковиќ иако стартуваше од 10. позиција, сепак успеа на крајот да заврши на подиумот.
Следната трка од ова натпреварување се вози на 20 и 21 мај кога е закажана трката во Зандворт, Холандија.