Импресивна збирка од 148 примероци на Citroen CX е објавена на продажба во Холандија.Во зависност од изведбата, сочуваноста и поминатите километри, огласената цена се движи од 500 до 8.000 евра, а само за илустрација, во 2015 година Citroen CX во сопственост на Ерик Хонекер (поранешен генерален секретар на осцијалистичката партија на Источна Германија) беше продаден за 98.360 евра.
Инаку овој автомобил се произведувал во периодот од 1974 до 1991 година и тоа во Франција, Чиле и Шпанија, а најзаслужни за неговиот изглед се Роберт Опрон и Џеф Метју.
Продажбата ќе се одвива до 13 мај, а повеќе информации за продажбата на автомобилите кои го носат епитетот “Последен оригинален Citroen автомобил” можете да прочитате ТУКА.