По воведувањето на мерењето на просечната брзина возачите во Србија повторно го искажаа своето незадоволство, овој пат поради воведвуањето на новина според која автомобилите постари од 15 години ќе мора во текот на годината два пати да направат технички преглед.
“Новиот правилник за технички преглед на возилата почнува да се применува од 5. јули 2018 година. Одредбите на законот кои се однесуваат на вршењето на шестмесечниот технички преглед, како што се возилата постари од 15 години ќе бидат применувани кои по 5 јули 2018 година добијат регистрациона налепница така што првиот технички преглед ќе се извршува по 5 јануари 2019 година” изјави портпаролот на српското МВР.
Инаку на техничкиот преглед возилата мора да бидат чисти и истиот ќе трае 35 минути при што целиот преглед ќе биде сниман со камера.