На жените во Саудиска Арабија ќе им биде дозволено да полагаат за возачка и возат автомобил. Ваквата одлука ја потврди директорот за секторот за сообраќај на Саудиска Арабија Мохамед Ал-Басами. “Исполнети се сите услови жените во ова кралство да може да возат” изјави меѓудругото во официјалното соопштение.
Ал-Басими додаде дека во наредниот период во поголемите градови на Саудиска Арабија ќе бидат отворени специјални школи за добивање на возачки дозволи.
Инаку претходно Саудиска Арабија дозволи и жените да присуствуваат на фудбалски натпревари, но само во делови од стадионот специјално наменети за нив.