По потпишувањето на договорот за соработка и пријателство помеѓу Северна и Јужна Кореа, но и по искажаните намери на севернокроејскиот лидер да се “помири” со светот, полека но сигурно големите мултинационални компании започнуваат да го освојуваат пазарот во оваа земја.
Прва компанија од автомобилскиот сектор која објави дека во наредниот период ќе работи на тоа е јужнокорејскиот производител Hyundai кој веќе оформи и работна група која ќе треба да направи целосна анализа на пазаорт на Северна Кореа. “Ќе се припремиме детално со цел да ги обновиме меѓукорејскиоте проекти во најкраток временски период” пренесоа руските медиуми кои се повикаа на соопштението на Hyundai.
Инаку во Северна Кореа во моментов се присутни неколку модели на автомобили, главно понепознати брендови произведени во Кина.