Несекојдневен настан се случи на автопатот Варшава – Познан. Како што пренесуваат полските медиуми, цистерна со 12 тони чоколадо се излизга на автопатот по што целото чоколадо од цистерната се разлеа по автопатот. Поради ова целиот сообраќај во двата правци беше принудно во прекин неколку часа, а автопатската делница веднаш го доби епитетот “чоколадизиран автопат”.