Како што пренесуват светските медиуми, кварталните приходи на јапонскиот производител на автомобили Тојота се зголемиле за 21 отсто, како резултат на намалувањето на трошоците и растот на продажбата во одредени пазари .
Профитот на Тојота во периодот јануари-март достигнал 480.8 милијарди јени (4,4 милијарди долари), што е повеќе во споредба со 398 милијарди јени од истиот период минатата година, објави АП.
Приходите од кварталната продажба се зголемиле на 7,580 милијарди јени (69 милијарди долари).
Во изминатата фискална година, завршена во март оваа година, Тојота постигнала рекорден профит од 2.490 милијарди јени ($ 23 милијарди долари), што е за 36 отсто повеќе во однос на претходната фискална година. Во исто време, приходите се зголемиле за шест отсто на 268 милијарди долари.
Во изминатата фискална година, Тојота продала 10,44 милиони автомобили ширум светот, во споредба со 10,25 од претходната фискална година.
Во тековната фискална година, која завршува во март 2019 година, Тојота очекува продажба од 10,5 милиони возила.