Се чини дека Маркијоне ќе се пензионира со стил. Откако последните 5-6 години на лидерската позиција во FCA ги посвети на враќање на славата на Alfa Romeo, Маркијоне во рамките на неговото пензионирање и претставувањето на новиот стратешки план на FCA во Балоко, Италија, премиерно ќе претстави два модели.
Првиот од двата модели се шпекулира дека ќе биде купе изведбата на Giulia која би требало да го оживее легендарниот GTV модел. Овој модел би ги користело истите мотори како и Giulia вклучувајќи го тука и V6 моторот со 510 КС наменет за Quadrifoglio верзијата. Со овој модел, Alfa Romeo по подолга пауза ќе им парира на германската тројка претставена преку купе изведбите на Audi A5, BMW серија 4 и Mercedes C класа.
Покрај овој модел, се шпекулира дека на настанот во Балоко ќе биде претставен и новиот SUV кој ќе биде поголем од Stelvio и со тоа ќе го заземе местото над овој прв алфин SUV модел. Овој SUV кој ќе биде со називот Castello ќе ги дели истите мотори како и Stelvio, а достапен ќе биде и во хибридна верзија.
И двата модели во продажба би требало да се појават во текот на следната година, а на премиерата се очекуваат повеќе технички информации.