Откако еминентниот германски авто магазин AutoBild пред неколку недели објави видео преку која ја најавува новата генерација на Audi A1, на интернет се појави фото компилација од сите досега објавени фотографии од оваа нова генерација на A1.
Инаку новата, втора генерација на А1 доаѓа со повеќе новитети. Така оваа генерација има поголема должина које е за малку поголема од 4000 mm како и зголемено меѓуоскино растојание од 2564 mm. Исто така, за разлика од претходната генерација, оваа генерација ќе биде достапна и со пет врати, а се темели на новата MQB AO платформа развиена од страна на Volkswagen.
Производството на овој модел ќе се одвива во фабриката на Seat во Марторели, Шпанија (претходната генерација се произведуваше во Брисел), а почетната цена се очекува да се движи околу 16 илјади фунти. Засега нема официјални информации за тоа кога ќе се појави во продажба, но се очекува премиерата да се случи до крајот на годинава.