Рускиот претседател Владимир Путин на отворањето на најголемиот мост во Европа наместо со сечење на лента го направи со возење на руската гордост Камаз. Ретко кој од претседателите во светот би се осмелиле на ваков потег, но секогаш пријатниот за јавност Владимир Путин тоа го направи на отворањето на мостот кој го поврзува полуостровот Крим со Русија.
Кримскиот мост започна со изградба пред две години, а овој инфраструктурен зафат беше примарна цел на руската влада која со изградбата на овој мост воспостави копнена врска со Крим.