Сакате BMW M1 од 1981 година, но не можете да пронајдете? Тоа сега не е воопшто проблем откако еден американец се одлучи да го продаде својот за неверојатни 875 илјади американски долари. Ова е само еден од 453 произведени М1 автомобили, а од 1981 година кога е и произведен па се до денес има поминато само 12.182 km што е меѓудругото и причината за оваа цена.
Под хаубата на овој автомобил се наоѓа 3.5 литарски шестоцилиндрен мотор со 274 КС, а внатрешноста е добро сочувана, исто како и екстериерот каде доминира белата Alpine боја. На овој автомобил од 1981 година па се до денес нема никакви интервенции, а доколку ја платите бараната сума би добиле и оригинални документи за сопственост и оригинали, брендирани BMW патни торби.
Инаку M1 во производство влезе во 1978 година и се произведувал се до 1981 година. Во овој период биле произведени 453 автомобили и сите експресно продадени. Под хаубата на овој автомобил се наоѓа 3,5 литарскиот агрегат има капацитет да произведе неверојатни 850 КС.