More
    HomeВестиАвто СалониЕДНА ГОДИНА успешна приказна Olympia Motors Outlet ОМО

    ЕДНА ГОДИНА успешна приказна Olympia Motors Outlet ОМО

    Објавено на

    Денес во пријатна и опуштена атмосфера, Olympia Motors Outlet го одбележа својот прв роденден со своите клиенти, пријатели и соработници, за постигнатиот успех, задоволните клиенти и почетокот на уште многу успешни години во кои ќе следат новитети за купување на користени возила. За една година активен труд и заложба во градење на вистински вредности, Оlympia Motors Outlet достигна:

    • Над 150 продадени возила од различни брендови;
    • Лагер од над 60 возила од патничка и товарна верзија во секое време
    • Обезбеди гаранција за возилата од 6 до 12 месеци;
    • Понуди помош на пат во траење од 12 месеци, како пакет со секое возило
    • Го воведе проектот “Земи, Вози, Врати”, каде нуди можност на клиентот во рок од 30 дена да го врати возилото со рефундирање на износот за истото

    Од Olympia Motors Outlet велат дека и најдолгата приказна започнува со еден збор – ОМО – кои станале синоним на нивната посветеност на патот кон реализација на визија која трпеливо ја градат на три темели:

    Одлучност во постапките

    Мотивација за извонредност во работењето

    Отчетност кон нашите клиенти.

    “Целта на нашето работење е да бидеме број 1 во регионот за продажба на користени возила преку начелата за кои се залагаме. Одлучивме да постапуваме етички, отворено и со подадена рака кон нашите клиенти. Се мотивираме да бидеме уникатни, посебни и препознатливи и со нашите активности создаваме вредности и градиме доверба со нашите клиенти. Ја избравме отчетноста за принцип на фер однесување кон нашите.”-велат одговорните од  Оlympia Motors Outlet.

    Olympia Motors Outlet нуди користени возила од патничка и товарна програма,  финансиска поддршка во купување на избраното возило преку кредит или лизинг, замена на старо за Outlet возило, посредување во продажба, долгорочно изнајмување како и нарачка на возило според желбите и/или потребите на клиентот.

    Согласно роденденскиот повод, во периодот од 31ви мај до 02ри Јуни, Olympia Motors Outlet организира отворени врати во ОМО со специјални дополнителни роденденски попусти, гратис регистрација, подарок сет гуми. Сите оние кои сакаат да им го честитаат роденденот се добредојдени да ги посетат и се приклучат на честитките со донирање на облека, која понатака ќе биде проследена до оние на кои им е најпотреба.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...