На неколку месеци пред стартот, саемот за автомобили во Париз е осуден на пропаст. Откако Nissan, Ford, Mazda, Lamborghini, Infinity, Opel и Volvo потврдија дека нема да учествуваат на овој саем, потврда за неучество стигна и од FCA. Така, на овој саем за автомобили без свој штанд ќе бидат и Alfa Romeo, Jeep и Fiat односно трите брендови на FCA кои во моментов се нудат ширум Европа.
Со ова бројката на авто производители кои нема да настапат на овој саем, а претходно традиционално беа дел од истиот се искачи на 10.
Засега своето присуство на овој саем го потврдија француските производители Peugeot, Citroen, DS и Renault, азијските Kia, Hyundai, Subaru, Toyota и Mitshubishi како и луксузните Rolls-Royce, Aston Martin, Bentley и Jaguar.
Саемот во Париз е закажан за октомври поточно 4. октомври кога ќе бидат отворени вратите за посетителите и ќе трае се до 14. октомври и истиот се одржува секоја втора односно секоја парна година.