Угледниот германски авто магазин AutoBild објави видео преку кое го најавува најновиот SUV на Alfa Romeo. Според овој магазин, новиот SUV ќе пристигне во 2019 година, а ќе биде моделска изведба од 2020 година. Овој SUV ќе се позиционира над Stelvio и ќе биде најголем SUV на италијанскиот бренд.
Истовремено и FCA го потврди доаѓањето на овој SUV во рамките на презентацијата на новиот пет годишен стратешки развоен план според кој на истата оваа платформа ќе се создаде и најголемиот SUV на Maserati кој до 2022 година треба да се појави на пазарот, а исто така ќе се позиционира над Levante.
Во однос на моторите под хаубата, засега нема многу детали, но се шпекулира дека и овој SUV ќе ги има моделите како и Stelvio, но во понуда ќе биде вклучен уште еден, многу помоќен мотор кој ќе го носи и новио SUV на Maserati, но и најавуваниот прв SUV на Ferrari.