Откако во неделата стапи на сила законот со кои властите во Саудиска Арабија дозволија низа на интересни вести доаѓаат од оваа земја во кои главни актери се жените.
Најпрво се појави веста за тоа како неколку жени се вработиле како таксистки што секако е голем чекор во напредокот на правата на жената. Последната вест е поврзана со Асел Ал-Хамад која стана првата жена која како дел од мотоспорт федерацијата на Саудиска Арабија возеше F1 болид. Станува збор за Lotus Renault болидот од 2012 година, а Ал-Хамад истиот го возеше на патеката Пол Рикард во Франција.
“Верувам дека денес славиме нова ера кога жените почнуваат да возат, но и можноста жените да се занимаваат со мотоспортови. Се радувам што гледам млади девојки на стазите” изјави Асел Ал-Хамад.
Оваа саудијка е бизнис жена која се занимава со дизајнирање на ентериери, а важи и за првата жена во Саудиска Арабија што увезе Ferrari.