Колку и да звучи неверојатно, но сепак е вистинито. Volkswagen групацијата отвора нова фабрика во Африка и тоа не било каде туку во Руанда, земја во централниот дел на Африка.
Властите во оваа африканска земја во која живеат нешто повеќе од 11 милиони жители ја поздравија оваа одлука на германскиот производител, а претседателот Пол Кагаме изјави дека ова е одлична шанса за националната економија, но и за намалувањето на бројот на половни возила кои во последните неколку години значително се увезени.
Директорот на Volkswagen за овој регион, Томас Шафер изјави дека главната причина за изборот на Руанда како земја за изградба на новата фабрика е релативната безбедност и економска стабилност и при тоа напомена дека во новата фабрика ќе се вработат околу 1.000 лица.
Оваа фабрика во Руанда е втора на Volkswagen групацијата во Африка. Во средината на 60те години, германската мултинационална компанија ја изгради првата фабрика во Африка поточно во Јужна Африка. Во оваа фабрика денес работат 5.350 лица, а се произведуваат неколку модели наменети за пазарите во Јужна Африка.