Mercedes-Benz во првата половина од годината продаде повеќе возила од кога и да е. Од почетокот на годината до потрошувачите ширум светот беа доставени 1.188.832 автомобили што е навистина одлична бројка.
Во првите шест месеци Mercedes-Benz беше премиум бренд број 1 во Германија (успеа да го симне од тронот BMW), Франција, Русија, Швајцарија, Португалија, Јужна Кореја, Австралија, САД и Канада. Кина продолжува да профилира како најголем поединечен пазар со повеќе од 340.000 продадени возила од почетокот на годината (што е пораст за + 16.2%).
Ова е, исто така, најдобрата полугодишна продажба на сите времиња за сите верзии на E класата. И покрај ограниченото производство поради пожар кај еден од добавувачите за теренските возила за Мерцедес, нивниот SUV модел, исто така, постигна нов рекорд за продажба во првата половина од годината: вкупно 422.645 примероци од GLA, GLC, GLC Coupe, GLE, GLE Coupé, GLS и G-класа се испорачани до потрошувачите во светот (раст од 9,8%).
Најголемата заслуга за овој раст, се препишува на бестселерот меѓу SUV моделите а тоа е – GLC класата.