Кои се поитри, крадците или чуварите? Ова е често поставувано прашање, а кога се во прашање автомобилите тогаш крадците се оние кои се секогаш еден чекор пред чуварите.
Последната во низа кражба на луксузен автомобил се случи во европски град чие име за сега не е познато. Имено, двајца крадци успееја да украдат луксузно Audi Q7 возила на израелски воен службеник и покрај тоа што во близина на возилото се наоѓаа и двајца обезбедувачи.
Во возилото покрај личните предмети на службеникот се наоѓал и службен компјутер со доверливи информации. Сепак иако за кратко бил пронајден автомобилот, сите овие предмети не се наоѓале во него.